Ракометната федерација на Македонија ја потврди оставката на Наум Танески од селекторското место во младинскиот национален тим. За нова предводник на оваа генерација е назначен Игор Илиевски, кој ќе ги преводи млдинците на ЕП во Романија.
„Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на г-дин Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен г-дин Игор Илиевски.
Ракометната федерација на Македонија му се заблагодарува на г-дин Наум Танески за неговиот ангажман и придонес во работата со младинската репрезентација, а на г-дин Илиевски му посакува успешна работа и многу успех на претстојното Европско првенство“, се вели во соопштението на РФМ.










