Мира Андреева е освојувач на Ролан Гарос

104

Руската тенисерка, инаку осмо рангирана на ВТА листата, Мира Андреева, е освојувач на овогодинешното издание на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во женска конкуренција.

Таа во финалето со 2:0 по сетови 6:3, 6:2 ја совлада Маја Чвалинска од Полска и на тој начин стигна до најголемиот успех во својата кариера.

Андреева реално доминираше на овој дуел, и во ниту еден момент не дозволи да биде во подредена ситуација, напротив. Имаше контрола врз резултатот, и заслужено го подига пехарот.

ПретходноОтворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје
СледноАнтонели ја освои пол позицијата во Монте Карло