Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, попладнево (18 ч.) во Порто против селекцијата на Унгарија ќе го одигра првиот натпревар во новото издание на Европската лига 2026. Под водство на новиот селектор Гавриловиќ, оваа селекција оди по ново искуство на меѓународната сцена.
Македонија во Порто ја очекуваат два тешки меча со Унгарија (денеска) и со Португалија (утре), но ваквите натпревари мора да ги искористиме за кревање на нивото и квалитетот на нашата женска репрезентативна одбојка.
„Позитивно расположени влегуваме во ова издание на Европската лига. Свесни сме за квалитетот на противниците со кои ќе се соочиме не само на овој турнир, туку и на другите два. Истовремено веруваме и во себе. Унгарија и Португалија се поквалитетни од нас и искрено мислам дека ќе не потценат, а и од она што го имаме како информации и што ги анализиравме имаме и простор за изненадување, секако доколку играме паметно и дисциплинирано“, порача пред заминувањето за Португалија, Теа Терзиевска, една од поискусните одбојкарки во составот.
Гавриловиќ за дуелите со Унгарија и Португалија на располагање ќе ги има следните одбојкарки:











