Шок за Германија: Ѕвездата на Баерн се повреди и ќе го пропушти СП!

123
ФОТО: DFB.DE

Германија, која важи за еден од фаворитите, остана без талентираниот напаѓач Ленарт Карл за претстојното Светско првенство откако 18-годишникот заработи повреда на бутот. Фудбалерот на Баерн Минхен се повреди на последниот тренинг пред контролниот натпревар против САД, еден од домаќините на турнирот.
Карл го започна пријателскиот натпревар против Финска во неделата, кој Германија го доби со 4-0, а исто така забележа и асистенција за еден од головите. Сега во тимот ќе биде заменет од Асан Уедрагого од РБ Лајпциг.

Многу ми е жал за Лени“, рече селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман.

Голем шок е за него што го пропушта Светското првенство, но и за сите нас. Малку е утешно што е млад и има уште многу натпревари пред него. Би сакале да го имаме во тимот.“ посочи Нагелсман.
„Со Асан Уедраго добиваме играч кој, како и Лени, имаше фантастичен почеток со нас. Тој е исто така исклучително талентиран и очекуваме да игра храбро и слободно“, додаде селекторот.

Натпреварот против САД е последниот тест за Германија пред почетокот на натпреварувањето. Тимот на Нагелсман го започнува Светското првенство на 14 јуни против Курасао. Тие исто така имаат натпревари во групата Е против Брегот на Слоновата Коска на 20 јуни и Еквадор на 25 јуни.

ПретходноЊујорк знае како треба: Уште една победа на Никси за 2:0 во серијата, Вембањама е трагичарот кај Сан Антонио (ВИДЕО)
СледноНов удар за Рикелме: И Клоп демантираше дека доаѓа во Реал Мадрид!