Предмалку македонскиот ракометен клуб, Е.Пелистер објави дека се засилува со младиот интернационалец, а воедно и репрезентативец Диего Басанесе.
Десниот бек кој што има само 18. години пристигнува како сериозен потенцијал, и талент, но пред се квалитет, кој што во дресот на битолскиот клуб треба да ги оправда сите оние препораки со кои што пристигнува.
Пред да дојде во Битола, Басанесе со успех го носеше дресот на Умаг, а со кадетската репрезентација на Хрватска блесна и се врати со медал од Медитеранските игри. Басанесе потпиша четиригодишен договор.
View this post on Instagram










