На официјалниот тренинг пред утрешната трка од Формула 1 шампионатот, која што ќе се одржи во Монте Карло, најбрзо време постигна Кими Антонели.
Лидерот во шампионатот, имаше најдобро време оставајќи ги зад себе претставниците на Ферари, Шарл Лекрлер односно Луис Хамилтон.
Иако болидите на Ферари доминираа во поголемиот дел од тренингот, сепак, на крајот Мерцедес и Антонели покажаа зошто во моментов се на врвот.
Квалификациите за утрешната трка стартуваат од 16:00 часот.










