По неверојатниот кикс, Вембањама искрено: “Едноставно погрешив!“ (ВИДЕО)

486
Фото: Сан Антонио Спарс Х

Виктор Вембањама, одигра уште еден одличен натпревар и постигна 29 поени, но еден момент од финалето ќе биде најзборуван. При резултат 104:104 и само 12 секунди до крајот, Спарси имаа посед што можеше да го реши натпреварот, но Вембањама ја загуби топката, што Никси веднаш го казнија тоа и стигнаа до победата. По натпреварот, тој не се обиде да најде изговори.
„Ја фрлив таа топка, згрешив, не игравме добро како тим. Моравме да го добиеме тој натпревар, беше наш. Во овој момент е готово“, рече Вембањама. Иако е свесен за сериозноста на грешката, тој истакнува дека нема намера да дозволи тоа да го скрши.
„Дали ќе зажалам? Да, ќе зжалам. Дали ќе го искористам тоа за да се „напалам“ себеси и другите за следните натпревари? Да, секако“, рече предводникот на Спарс.
Неговите зборови најдобро го опишуваат разочарувањето во таборот на Сан Антонио. Спарс го бркаа дефицитот во поголемиот дел од натпреварот, но на крајот успеаја да се вратат и да израмнат. Сепак, една грешка беше доволна за Њујорк да направи двоен брејк и да поведе со 2:0 во серијата.
Финалето сега се сели во Њујорк, каде што Никси ќе имаат можност да направат огромен чекор кон шампионската титула пред своите навивачи, додека Сан Антонио ќе се обиде да најде начин да се врати во серијата и да избегне сценарио од кое ретко кој се враќа.

ПретходноЕве кога Бразил ќе може да смета на Нејмар!
Следно“Бомба“: Дон Флорентино со 150-180 милиони евра тргнува по Кварадона!