Чудесниот Марк Маркез до пол-позиција на ГН на Унгарија!

71
ФОТО:x.com/MotoGP

Иако на почетокот од Q2 се најде во проблем поради излетување од патеката, Марк Маркез се врати на магичен начин и стигна до нова пол позиција на патеката “Балатон“ за ГН на Унгарија. А неодамна го скрши стапалото и имаше операција на рамото.
Веќе во првата кривина од вториот дел од квалификациите, тандемот на Дукати излета од патеката – Марк Маркез и Фабио ди Џанантонио се најдоа во проблеми по само две минути.
Сепак, феноменалниот Шпанец успеа да стигне до самиот врв и да постави најбрзо време од 1:36.785, само 53 стотинки пред Педро Акоста кој се истакна на тренинг. Пред помалку од еден месец, возачот на Дукати го скрши стапалото и имаше операција на рамото по спринт трката во Ле Ман, никој не очекуваше дека повторно ќе биде најдобар на почетокот на јуни и ќе го освои својот 76-ти пол.
Зад актуелниот шампион и возач на КТМ беше Фермин Алдегвер (1:37.125), а четврти беше Ди Џанантонио со време од 1:37.232. Италијанецот може да биде задоволен по лошиот старт. Лидерот во генералниот пласман, Марко Бецеки, беше шести, додека Хорхе Мартин, ја зазеде осмата позиција.

Спринтот се вози од 15 часот, а трката утре од 14 часот.

ПретходноСкалони со супер вести за Меси, ама со ужасни за Балерди!(ФОТО)
СледноЕве како ќе биде на СП: Играш, а потоа пауза од час и половина?!(ВИДЕО)