Брајан Авиа постави нов младински национален рекорд во скок во далечина

106
фото: Атлетска федерација на Македонија (FB)

Македонскиот атлетичар Брајан Авиа постави нов македонски рекорд во натпреварите во скок во далечина. Ова е уште едно историско постигнување за нашата атлетика, ако се знае дека Авиа урна рекорд стар 16 години.

На Националното првенство за младинци до 20 години, Брајан Авиа постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со извонреден резултат од 7.11 метри.

Со овој скок, Брајан го собори досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.

ПретходноНевил: Сакам Англија да биде светски шампион, но нешто ми вели дека тоа ќе биде Франција
СледноКузмановски МВП во втората победа на Кувајт Спорт Клуб