Страшен инцидент на стартот: Маркез со јубилејна 100-та победа и тоа на ГН на Унгарија!(ВИДЕО)

90
ФОТО:x.com/MotoGP

Марк Маркез и дефинитивно е историска личнот во Мото ГП. Шпанецот денеска на ГН на Унгарија на патеката Балатон, успеа да победи и да дојде до својата јубилејна 100-та победа во кариерата. Пред него се само легендарните Агостини и Роси.

Ова за Марк беше прва победа по 14 септември 2025 година, познато е дека имаше проблеми со повеќетео операции, но сега се враќа на голема врата.

На второ место трката ја заврши Педро Акоста, а на подиумот е и Франческо Бањаја.

Почетокот на трката го имаше најлошото сценарио. Во првата кривина, Хорхе Мартин ја изгуби контролата и ги собори Фермин Алдегер, Марко Бецеки, Раул Фернандез и Фабио ди Џанантони. Само Ди Џанантонио успеа да се врати на патеката и да ја продолжи трката. Одлуката на раководството на трката да го покаже само жолтото знаме е необјаснива бидејќи делови од моторот беа расфрлани по целата патека.

Ова беше страшен инцидент.

ПретходноИскршено Ферарито: Иџе излета од патеката, ама ја заврши трката!(ФОТО)
СледноОлисе во Реал?! Може, ама само за рекордни 225 милиони евра!