Алжир не чекаше да заврши СП: Петковиќ со нов селекторски договор до 2028

47

Владимир Петковиќ и неговиот тренерски штаб добија нови договори од Алжирската фудбалска федерација. Договорот на Владимир Петковиќ како селектор на репрезентацијата всушност требаше да истече по Светското првенство ова лето, но тој веќе е награден од Алжирската федерација.

Денеска беше објавено дека 62-годишниот стратег потпишал нов договор кој ќе важи до 2028 година. Истото важи и за персоналот кој работи со него. Петковиќ е на чело на африканската селекција од февруари 2024 година и оттогаш постигна одлични резултати.

Алжир на Светското првенство е во група со Аргентина, Јордан и Австрија.

ПретходноФеенорд му врачил отказ на Ван Перси
СледноМец испиша историја – го освои првиот пехар во ЛШ