Бразил остана без Весли, Анчелоти го повика Едерсон

215

Дефанзивецот на Рома, Весли Франка, се повлече од репрезентацијата на Бразил непосредно пред почетокот на Мундијалот, откако заработи потешка повреда.

Весли се повреди на пријателскиот натпревар против Египет (2:1) и беше заменет во 17-тата минута поради болка во левата препона, по што се расплака на клупата.

Според „Глобо Еспорте“, на Весли му е дијагностицирана повреда на левиот бут, што ќе го спречи 22-годишниот дефанзивец да игра на Светското првенство.

Карло Анчелоти веднаш реагираше и го повика Едерсон од Аталанта како негова замена.

ПретходноПрва победа: Македонија не пропушти шанса за триумф над Луксембург
СледноОд страв од повреди Шкотите го откажаа тестот со Норвешка, Норвежаните лути