Ветераните на сцена:Дружење, убав фудбалски натпревар и победа на Македонија!(ФОТО)

236

Како што и најавивме пред еден месец, вчера на стадионот на Автокоманда во Скопје се одигра пријателски натпревар меѓу наши некогашни играчи кои настапувале за Левадијакос како и некогашни наши интернациолци кои играле во клубови од Грција и Кипар, против ветераните на Левадијакос.

Самиот меч беше по иницијатива на некогашниот селектор Мирсад Јонуз, еден од нашите најпознати тренери.

Се разбира дека резултатот беше во втор план, ама вреди да се истакне дека Македонија победи со 4:2.Стрелци на головите беа Ќумбев, Попов, Блажевски и Деспотовски.

За тимот на македонските ветерани настапија Јонуз, Ќумбев, Попов, Мустафи, Јовков, Јонузи, Деспотовски, Захариевски, Алими, Блажевски, Алтипармаковски, Шиков, Георгиевски.

Во стручниот штаб беа и Никола Илиевски – Џиџи, Јане Николовски, Влатко Гошев, а гостин беше и легендарниот Благоја Георгиев, како поранешен голман на Ираклис.No description available.

Секако дека беше убаво да се видат на дело сите повие некогашни наши фудбалери, репрезентативци, и сите тие покажаа дека не заборавиле да играат добар фудбал.

Тука беше и дружбата со своите пријатели од Грција, некогашни соиграчи на македонските ветерани.No description available.

Како што напомена иницијаторот Мирсад Јонуз, ова ќе биде почеток на една убава иницијатива, која би станала традиција. Имено на ред се вакви мечеви да се играат во Грција, Бугарија, Србија, Албанија.

ПретходноПоследниот танц на легендите: Фудбалот каков што го знаеме се менува после Мундијалот
СледноШевченко: Ќе се обидеме да освоиме едно од првите три места!