Додека во Европа слават со шампањ, во Србија титулите ги слават со трактор (ВИДЕО)

43

Додека во врвните лиги титулите се слават со шампањ и огномет, работите изгледаат малку поинаку во српскиот фудбал од пониските лиги.

Фудбалерите на Раковица ја освоија Првата белградска лига, а по последниот свиреж следеше спектакл кој ги раздвижи социјалните мрежи.

Факели, знамиња „IMR“, песна, стотици ролни хартија, илјадници емоции и – трактор на средина од теренот! Да, добро прочитавте – ТРАКТОР.

Навивачите и играчите на Раковица заедно создадоа прослава која стана вирален хит за само неколку часа.

„Уште една сосема обична недела во Србија“, напиша корисникот кој го објави видеото, кое за неколку часа собра повеќе од 100 илјади прегледи.

ПретходноМбапе го напушти тренингот порано, дали има причина за сериозна загриженост?
СледноНов скандал пред СП: Национален фудбалски херој бил испрашуван седум часа во САД!