Ериксен е добро, навреме се вклучил песмејкерот

457

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен е свесен и „се чувствува добро со оглед на околностите“ откако се онесвести на теренот за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина во неделата, соопшти Данската фудбалска асоцијација (DBU).

Натпреварот беше прекинат откако 34-годишниот играч од средниот ред, кој игра за германскиот Волфсбург, се струполи на тревата во 65-тата минута од натпреварот, откако претходно се фати за градите.

Докторот на данската репрезентација, Мортен Бусен, потврди дека пејсмејкерот на Кристијан Ериксен реагирал како што треба. Во времето на инцидентот, Данска водеше со 2:1 во натпреварот што Ериксен го започна во почетниот состав.

ПретходноКонечно: Зверев го освои Париз за прва Гренд Слем титула!
СледноПрва победа: Македонија не пропушти шанса за триумф над Луксембург