Одбојкарките поразени и во дуелот со Португалија

32
фото: CEV.eu

Втор убедлив пораз на женската одбојкарска репрезентација на Македонија во новото издание на Европската лига 2026. Попладнево на турнирот во Порто, одбојкарките предводени од селекторот Гавриловиќ во максимални три сета беа поразени од домаќинот Португалија.

ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА   3:0 (25:16, 25:16, 25:11)

Судејќи според она што се случуваше во трите сета, нашите девојки не успеаја да им создадат поголеми проблеми на домашните одбојкарки. Тие мотивирани да дојдат до првата победа, првите два сета од мечот ги решија прилично брзо, препуштајќи ни по 16 поени и во двата сета.

Во третиот сет Португалија исто така направи сериозна предност до средината на сетот (16:7), по што беше јасно дека и во оваа делница нема да успееме да дадеме посериозен отпор.

Терзиевска и Ковачевиќ реализираа по 5 поени за Македонија, додека кај Португалија најефикасна беше Гарсез со 14 поени.

Пред нашите девојки сега е пат за Шпанија, каде идниот викенд на вториот турнир од Европската лига 2026 во Аликанте ќе имаме двомеч со домаќинот Шпанија и со селекцијата на Азербејџан.

Претходно„Бомба“ од Истанбул: Чалханоглу во дресот на Фенербахче?!
СледноНевил: Сакам Англија да биде светски шампион, но нешто ми вели дека тоа ќе биде Франција