Олимпијката Рељиќ освои бронза на Европскиот куп во Германија

28

Македонската олимпијка, Милијана Рељиќ, успеа да освои бронзен медал на Европскиот куп во Германија. Таа во првото коло ја победи Натали Тадиќ од Хрватска со 2:0. Во второто коло Мила беше поуспешна од Ингибјорд Греташтодир од Исланд, па во борбата за медал по исцрпувачка борба со олимпијката Чаима Тоуми од Тунис, нашата таеквондистка во последна секунда успеа да изнуди 5 техничка грешка и така со 2:1 во рунди освои бронзен медал.

Во полуфиналната борба Мила се сретна со олимпијската шампионка од Париз, Вивијана Мартон од Унгарија и загуби со 2:0 во рунди. Ова се нови 14,4 поени кои ќе се придодадат на новата ранкинг листа која стартува на 1 јули за ртанкинг и за ЛОИ во Лос Анџелес 2028.

ПретходноКузмановски МВП во втората победа на Кувајт Спорт Клуб
СледноГарбахоса: Македонската кошаркарска федерација е повторно на вистинскиот пат