Македонскиот атлетичар Брајан Авиа постави нов македонски рекорд во натпреварите во скок во далечина. Ова е уште едно историско постигнување за нашата атлетика, ако се знае дека Авиа урна рекорд стар 16 години.
На Националното првенство за младинци до 20 години, Брајан Авиа постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со извонреден резултат од 7.11 метри.
Со овој скок, Брајан го собори досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.










