Швајцарците одбрале камп за подготовки во САД кој е во „Змиска зона“

131

Швајцарската репрезентација го привлече вниманието на јавноста откако го откри планот и распоредот на својот основен камп за Светското првенство во 2026 година.

Иако самите полиња и придружните објекти изгледаат одлично, еден шокантен детаљ на мапата на кампот предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, а станува збор за близината на гнездо на опасни змии.

Популарниот фудбалски сајт „Лајвс Фут“ го сподели кампот, истакнувајќи дека Швајцарците се наоѓаат во средина преполна со змии, бидејќи на едната страна од комплексот во рамките на академијата „Еврејска академија во Сан Диего“ постои опасна зона полна со овие влекачи.

Швајцарската фудбалска асоцијација ја избра престижната академија во Сан Диего, Калифорнија, како своја база за време на Светското првенство. Kампот е опремен според највисоките стандарди и вклучува главен тренинг терен со беспрекорен тревен тепих, модерна теретана на отворено, како и соблекувална сместена веднаш до теренот.

Сепак, она што им го привлече вниманието на сите беше десната страна од дијаграмот, каде веднаш зад полето има рид и обраснати грмушки кои се означени како „змиска зона“. За да биде уште полошо, оваа опасна зона се наоѓа во непосредна близина на просторот наменет за обука на голмените, кои ќе бидат во најголема „опасност“.

ПретходноОд страв од повреди Шкотите го откажаа тестот со Норвешка, Норвежаните лути
СледноСпоред првите неофицијални резултати: Перез останува претседател на Реал (М)