Босанчиќ останува во Вардар, нема договор со Цветковиќ

534

Вардар денеска ги почнува подготовките за наредната сезона и настапите на клубот во квалификациските кола од Лигата на шампионите. Нов почеток на „црвено-црните“ – шампионски со нов тренер во името на аргентинскиот стратег Кристиан Фабиани, кој уште од март е тука, скенира, анализира, но ете попладнево од 17 часот е неговиот прв тренинг со новиот клуб. Клуб кој ги почнува подготовките без играчите кои настапуваа за националните селекции и клуб кој летово успеа да го продолжи договорот со Немања Босанчиќ, интернационалецот од Србија кој изминатите две години ги бранеше успешно „црвено-црните“ бои. Босанчиќ кој беше една од главните карики на тимот останува и во следната сезона иако лани некои од експертите во Вардар го пречкртаа и бараа негово бркање од клубот,

Старт без најдобриот, но и со Гарсон Родригес

Во пролетниот дел од сезоната, а по шок бомбата и заминувањето на Роџерс Мато, Стефан Цветковиќ беше најдобриот поединец според бројките во составот на Вардар. Левото крило не останува во Вардар и летово ќе има нов клупски ангажман. Тој е еден вид на „жртва“ на новиот тренер и новите математики во клубот за чиј што ефект и резултати ќе се знае многу брзо во текот на летово. Од играчите кои треба да бидат големи засилувања за Вардар тука е Гарсон Родригес. Многу фалениот „тепач на жени“, и фудбалер со досие на осуденик играл некогаш во Динамо Киев, играл ама некогаш за Луксембург но сега ги менува клубовите како чорапи па на таков начин слета и во Вардар. Од новите на прозивката ќе биде и Мануел Пирес кој дојде од Силекс.

Аргентинците се недопирливи

Во изминатата сезона за Вардар настапија вкупно тројца интернационалци од Аргентина и тоа Диего Кастањеда, Иан Пуељо и Хоакин Торес. Тројцата на пример вкупно немаа учинок за клубот како на пример непотребниот Стефан Цветковиќ. Но сега има аргентински правила во Вардар што значи дека стото трио плус „недопирливиот“ антиталент во името на Мануел Куестас кој со години е тука, а има само 7 минити одиграно за време на позајмицата во Брера.

ПретходноЗверев: Веќе сум пијан…
СледноДеспотовски заминува од Србија: Клубови од Белгија, Русија и Турција по потписот на нашиот репрезентативец