Познатиот спортски новинар од „ТимТок“, Руди Галети, денеска пишува дека македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Деспотовски ова лето ќе замине од Србија и ќе се пресели во некое од посилните европски првенства.
Според објавата на Галети, за десниот бек на македонската фудбалска репрезентација се заинтересирани клубови во Белгија, Русија и Турција.
Тимови од Полска, Швајцарија и Австрија исто така го следат 23-годишниот репрезентативец на Македонија, но засега нема информации за конкретни понуди.
Со оглед на тоа што останува уште 1 година од неговиот договор со ОФК Белград, наскоро се очекуваат одлуки за неговата иднина. Инаку, од пред неколку дена трансферцената на Деспотовски на „Трансфермаркт“ скокна на 1,5 милион евра, со што тој стана еден од најскапите македонски фудбалери од националниот тим.










