На крилјата на публиката во „Јасмин“ Пробаскет стигна до јуниорската титула

113

Во неизвесен финален натпревар до самиот крај, Пробаскет за два поени подобар од екипата на МЗТ Бела вода (43:41).

Богојевска заврши со ефект од 15 поени и 8 скока (имаше и две асистенции), Ѓорѓиева дојде до скор од 12 поени (четири скока и три асистенции), додека можеби и најбитен „фактор“ за титулата беше Мицева, која освен седум поени додаде и неверојатни 24.скока, за индекс 29, најголем во финалниот меч.

Во екипата на МЗТ Бела вода, најефикасна беше Милосављевиќ, постигна 14.поени, кои ги дополни со 18.скока.

Душица Мицева – најкорисен играч на турнирот во Кавадарци

Одигра, што би се рекло, најрентабилно во победничката екипа.

Кошаркарката на Пробаскет, новиот шампион во женска јуниорска конкуренција, Душица Мицева го понесе признанието за најкорисна кошаркарка на завршниот турнир кој изминатите два дена се одржуваше во кавадаречки „Јасмин“.

Мицева одигра два добри натпревари, а во оној финалниот оствари 29.индексни поени, најмногу на двете страни на теренот. Запишна седум поени, но имаше и 24.скока на двете страни од теренот.

ПретходноДеспотовски заминува од Србија: Клубови од Белгија, Русија и Турција по потписот на нашиот репрезентативец
СледноМурињо ја испорача првата желба: Португалец од Вест Хем на радарот на Реал