Откако повторно колабираше: Ериксен ќе престане да игра фудбал!

313
ФОТО:.facebook.com/herrelandsholdet/

Вториот колапс на Кристијан Ериксен во Оденсе синоќа најверојатно ќе биде причина за крајот на импресивната кариера на 34-годишниот играч од средниот ред, тврди авторитетното данско издание „Болд“. Како што е објавено, инцидентот со познатиот фудбалер се случил во 64-тата минута од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, кој потоа беше прекинат. Колапсот на Ериксен на теренот застрашувачки потсетуваше на она што се случи пред пет години на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, кога доживеа срцев удар на натпреварот против Финска на Европското првенство, по што му беше поставен пејсмејкер.

Според лекарот на репрезентацијата Мортен Бозен, тој брзо се освестил и потоа сам го напуштил теренот.

Кристијан многу брзо се освести. Зборуваме за секунда. И беше сосема нормален, како и обично“, објасни лекарот, кој беше најблиску до играчот за време на првиот напад на Ериксен во 2021 година.
Желбата на Кристијан беше сам да го напушти теренот. Можеше да го направи тоа бидејќи го имавме под целосна контрола. Кристијан сакаше да се поздрави со своето семејство“, објаснува Мортен Босен, кој признава дека Кристијан Ериксен бил потресен по инцидентот.

Инаку Ериксен во меѓувреме им се заблагодари на сите оние кои што се грижат за него, рече дека оваа ситуација не е истата како таа во 2021 и дека сега е време за одмор со семејството.

ПретходноШокантно: Реал Мадрид бара од УЕФА да ѝ ги одземе титулите на Барселона!
СледноПромоција: Вардар се пофали со Пиреш!(ФОТО)