РК Прилеп се засили со Андреј Стојановски!(ФОТО)

50
ФОТО: РК Прилеп

РК Прилеп продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на на суперлгашот е Андреј Стојановски, македонски ракометар кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на РК Пролет.

Роден на 21 август 2004 година, Стојановски е производ на младинската школа на Пролет и важи за еден од најперспективните млади македонски ракометари на својата позиција.

Покрај настапите во домашната Суперлига, Андреј има и репрезентативно искуство во младинските селекции на Македонија, вклучувајќи го и настапот на Светското младинско првенство во Полска.

Сигурни сме дека неговата енергија, борбеност и желба за напредок ќе донесат дополнителен квалитет во нашиот тим и ќе бидат значаен придонес во остварувањето на клупските цели“ велат од РК Прилеп.

ПретходноОриги официјално ја заврши кариерата
СледноШокантно: Реал Мадрид бара од УЕФА да ѝ ги одземе титулите на Барселона!