На денешниот пријателски дуел кој што македонската фудбалска репрезентација до 20. години го одигра против соодветната селекција на САД доживеан е пораз од конечни 2:0.
Дуелот инаку се одигра во соседна Бугарија поточно во градот Петрич.
Избраниците на селекторот Александар Таневски примија голови во последните моменти од двете полувремиња, односно во 45. и 90.
Оваа генерација е онаа која што се подготвува да биде дел од У21 квалификациите за следниот квалификациски циклус.










