Срѓан Благојевиќ заминува во Русија, во Партизан се враќа легендарниот Саша Илиќ

58

Тренерска промена во тимот на ФК Партизан. Досегашниот стратег Срѓан Благојевиќ е нов тренер на рускиот тим Акрон, додека на стадионот на ЈНА пристигнува и тоа како познато лице.

За нов тренер на Партизан е поставен Саша Илиќ, легендата на „црно-белите“ кој што веќе одработи мандат во клубот.

Официјалната промоција на Илиќ е закажана за утре на официјална прес конференција во клупски простории.

Партизан има огромни проблеми од организациски карактер, пред се, пред само неколку дена замина од клубот Предраг Мијатовиќ кој што беше најавен како еден од спасителите. Партизан е сеуште должен десетици милиони евра по најразлични основи и финансиската ситуација исто така е сериозен предизвик за сите кои се инволвирани.

 

ПретходноОфицијално: Фабио Гросо е нов тренер на Фиорентина
СледноЗа 2.000.000 евра годишно: Манчини повторно селектор на Италија?!