Ти-Џеј Шортс сепак заминува во Хапоел

40

Американецот со македонски пасош, и досегашен член на кошаркарскиот клуб на Панатинаикос, Ти-Џеј Шортс, летово ќе ги промени клупските бои но по се изгледа нема да пристигне во Црвена Звезда. Туку, како што јавуваат медиумите во Израел, тој заминува во тимот на Хапоел, каде што веќе има и договор.

Шортс дефинитивно заминува од Атина, каде со неговиот просек од нешто над осум поени по меч и не беа баш најзадоволни. Па така, опции имаше на рааполагање, а бекот очигледно дека се решава за Израел.

Нашиот репрезенаттивец во моментов има 27. години и во Атина пристигна минатото лето од Париз. Во Европа пак настапуваше уште и за Вентспилс, Хамбург, Кралшајм, Телеком од Бон…

ПретходноМиовски: Мој фаворит е Португалија, Нејмар се враќа на голема врата, а Шпанија има квалитет да оди до крај
СледноОфицијално: Фабио Гросо е нов тренер на Фиорентина