Шкендија ги почна подготовките без шеф на стручниот штаб!

345
ФОТО: FFM.MK

Денеска, исто како и Вардар и Силекс, и Шкендија ги стартуваше подготовките за наредната сезона, поточно за европските предизвици што ја чека оваа екипа.

Интересно е тоа што Шкендија сеуште нема официјално назначено нов шеф на струката по заминувањето на Јетон Беќири.

Токму затоа главни на стартот од подготовките беа неговите досегашни помошници на чело со Бурхан Емурлаи.

Инаку јасно е дека Шкендија мора што побргу да го назначи наследникот на Беќири, посебно ако се знае дека веќе следниот вторник ќе го дознае својот противник во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, а мечевите од ова воведно коло се играат на 9 и 16 јули.

Новиот шеф треба да ги испланира подготовките, да се прашува и за засилувањата, а времето си лета.

Инаку Шкендија и ова сезона во Европа би требало да има големи амбиции, ако се знае дека во минатата дојде до историски успех на чело со досегашниот тренер Јетон Беќири, кога имаше европска пролет и стигна до 1/16 финалето во Лигата на Конференции.

ПретходноКузмановски со прв пораз со Кувајт Спорт Клуб, Брестовац со второ реми
СледноЕвропската минибаскет конвенција нуди поглед во светла иднина