Искусниот македонски одбојкарски репрезентативец Владо Милев и следната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот тим Казинбарчика. Според информациите, Милев добил понуда за продолжување на соработката ос унгарскиот клуб во чии редови настапуваше во втората половина од минатата сезона.
Милев и Казинбарчика завршија како третопласирани во плеј-офот во Унгарија, а следната сезона сигурно ќе имаат и поголеми амбиции. За струмичанецот Унгарија и Казинбарчика се позната средина од поодамна, затоа што Милев освои две титули во лигата и еден Куп на Унгарија со Казинбарчика меѓу 2017 и 2019 година во две сезони поминати во истиот унгарски клуб.










