Промоција: Вардар се пофали со Пиреш!(ФОТО)

127
ФОТО:.facebook.com/fcvardarad/

Од денеска најавите и официјално се остварија. Интернационалецот од Португалија, Мигуел Пиреш и дефинитивно е нов член на Вардар. Досегашниот офанзивец на Силекс направи трансфер од Кратово во нашиот најтрофеен клуб и ќе биде и тоа како големо засилување во офанзивата на „црвено – црните“.

Пиреш за Вардар потпиша едногодишен договор до јуни 2027 година.

Португалецот имаше одлична сезона во дресот на Силекс, не само што со 11 постигнати голови беше најдобриот фудбалер на кратовци, туку беше и еден од најдобрите во ПМФЛ, токму и затоа “СпортСпорт“ го стави во идеалниот тим на сезоната 2025/26.

ПретходноОткако повторно колабираше: Ериксен ќе престане да игра фудбал!
СледноИвица Јанев прв Македонец со злато на Мр Олимпиа Аматер