Уште еден доказ дека нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлична, феноменална сезона 2025/26 во тимот на Битигхајм во 2.Бундеслига.
Токму Македонецот е еден од најзаслужните што овој тим избори пласман во елитната ракометна лига во Германија со своите настапи и фантастични одбрани на голот на Битигхајм.
Токму затоа Мартин Томовски е избран во идеалниот тим или најдобриот тим за сезоната која штотуку заврши.
Се најде во одбрано друштво, се најде меѓу најдобрите што секако дека е големо признание за македонскиот ракометен репрезентативен голман.











