„Те сакам Пеп“! Гвардиола по разводот во врска со позната ТВ водителка?!(ФОТО)

226
ФОТО:.facebook.com/mancity/

Иако сеуште не е официјално, сепак медиумите на Островот, но и во Европа, наголемо шпекулираат дека Пеп Гвардиола е во блиска пријателска врска со позната ТВ водителка.

Станиува зборт за Натали Пајк пка им помогна на навивачите на Манчестер Сити да се збогуваат со нивниот менаџер, а потоа му сподели лична порака:

Те сакам, Пеп“. Двојката разви блиско пријателство откако често разговараа на каналот на клубот.
Натали, поранешна манекенка на FHM, го спроведе своето последно интервју со Пеп на теренот на стадионот „Етихад“ на 24 мај. Само еден ден подоцна, таа беше фотографирана со него на неговата проштална забава во арената „Кооп Лајв“.

Пајк, 43, е добро позната личност во спортските кругови и работела за неколку престижни медиуми, вклучувајќи ги BBC Radio Five, talkSPORT, DAZN и Race Day TV.
Таа е исто така доживотен навивач на Сити и се приклучи на ТВ тимот на клубот во 2011 година, станувајќи познато лице за време на натпреварите на „Етихад“.

По настаните, Натали објави видео на својот Инстаграм профил на кое се гледа како споделува прославена прегратка и бакнеж со Гвардиола. Во порака поврзана со нејзиниот успех во лигата за фентези фудбал, таа напиша:

Те сакам, Пеп… Но, јас и фентези фудбалот сме засекогаш.

Познато е дека Пеп, е во процес на финализирање на разводот од Кристина Сера, неговата сопруга и партнерка со која е во брак повеќе од 30 години.


ПретходноСтефан Стојановиќ освои бронза на Универзитетското СП во карате
СледноЦентар за едукација: Менсур Јакупи на местото на Висар Ганиу