Неверојатниот „Вемби“ го собори рекордот на легендарниот Мутомбо

79
фото: SleeperSpurs (X)

Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, имаше три блокади во третиот натпревар од финалната серија против Њујорк, кои на крајот беа доволни за да урне голем НБА рекорд.

Имено, Вембањама, играјќи во својата прва плејоф сезона, го зголеми својот вкупен број на блокади на 70, надминувајќи го рекордот на Дикембе Мутомбо за најмногу блокади во дебито во плејофот.

Во 1994 година, Мутомбо имаше 69 блокади во 12 натпревари од плејофот. Денешниот натпревар беше 20-ти за Французинот во решавачката фаза од сезоната 2025/26 и успеа да дојде до бројката од 70, која може да биде зголемена во следните, најмалку, уште два натпревари.

ПретходноНад 500 деца ја почувствуваа магијата на „Денот на спортот“ во Тетово (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСреќа што не е фудбалер: Еве како Инфантино изведува(л) корнери – да пукнеш од смеа!(ВИДЕО)