Женската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз ги заврши актуелните квалификации. Избраничките на селекторот Андов вечерва во Битола, на стадионот Петар Милошевски загубија од репрезентацијата на Азербејџан со конечни 1:3.
Гостинките поведоа преку Бакарадзе во осмата минута, но Мустафа возврати три минути подоцна за 1:1.
Сепак, до полувреме со двата гола на Молајева, Азербејџан стигна и до 1:3, што подоцна се покажа како конечен резултат.
Со овој пораз, Македонија ја заврши оваа кампања на третата позиција на табелата со вкупно шест освоени бодови.















