Македонскиот репрезентативец, Андреј Митревски е на добар пат да стане член на актуелниот првак, МЗТ Скопје. Еден од најперспективните домашни кошаркари веќе е во преговори со тимот од Аеродром и има голема желба да го облече „сино-белиот“ дрес, дознава СПОРТСПОРТ.
Според нашите информации, Митревски во моментов разгледува опции да замине во НЦАА-лигата, доколку не се случи да го направи овој чекор, во тој случај ќе стави потпис на договор со МЗТ Скопје.
Нашиот репрезентативец минатата сезона беше член на Пелистер, а таму дојде од редовите на Феникс.
Тој може да одговори и на плејмејкерската и на бековската позиција, што пак е голем плус за секој тим.










