Ѓорческа запрена на стартот на турнирот во Загреб

46
фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка ИТФ фјучрс турнирот во Загреб, откако го загуби мечот од Екатерина Казинова со 2-1 во сетови (16 75 64) по два часа и 26 минути игра. Ѓорческа во вториот сет имаше и сет топка, но не успеа да ја искористи.

Мечот македонската тенисерка го почна одлично и првиот сет го доби со 6:1 во гемови откако водеше со 5:0. Во вториот сет при резултат 5:3 во гемови за македонската тенисерка, таа имаше меч топка која Казинова ја спаси и се избори за трет (решавачки) сет, откако вториот го доби со 7:5 во гемови.

Во решавачкиот сет руската тенисерка ја искористи трета меч топка, а претходно беше 2:2 и 4:4 во гемови.

ПретходноМЗТ Скопје пред потпис со македонски репрезентативец!
СледноДејвис куп: Македонија поразена од Молдавија