Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

133

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал но сепак, му беше забранет влез во САД, па тој се врати дома.

Најдобриот африкански арбитар едноставно нема дозвола да влезе во САД, и тоа е конечно. Инфантино пак ја објасни целата ситуаиција дека истата не е во рацете на ФИФА.

„Жално е што му се случи, но ние не контролираме сè. Секогаш се обидуваме да најдеме решенија, но мора да го почитуваме фактот дека ние не сме кралеви на светот кои можат да владеат со влади и полициски сили. Ние сме спортска организација“, рече претседателот на ФИФА.

Инаку, објаснувањето на американските власти зошто судијата не е пуштен да влезе на нивна територија, е што тој наводно имал конекција со терористички организации!?

ПретходноЗа Венгер нема дилеми кој ќе биде новиот светски шампион