Казна за Вардар од 17.000 евра поради пиротехниката на мечот со Шкендија

116

Фудбалската федерација на Македонија, информираше дека на денешната седница Дисциплинската комисија при ФФМ биле донесени следниве одлуки:

Марцевски Антонио фудбалер на ЗФК Новаци се казнува со забрана на настап од еден натпревар.

Ќосески Дамјан фудбалер на ФК Каменица Саса се казнува со забрана на настап на два натпревари.

Филип Николовски фудбалер на ФК Каменица Саса се казнува со забрана на настап со еден натпревар.

Стефан Филипоски фудбалер на ФК Борец 1919 АД се казнува со забрана на настап на еден натпревар.

Кире Стојанов фудбалер на ФК АП Брера се казнува со забрана на настап на еден натпревар.

Марко Стојилевски фудбалер на ФК АП Брера се казнува со забрана на настап на еден натпревар.

Адил Адили фудбалер на ФК Влазними  се казнува со забрана на настап на два натпревари

Стојановски Драги доктор на ФК Каменица Саса се казнува со забрана на вршење на функција од еден месец

ФК Вардар се казнува со 17000 евра поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33 коло со ФК ШКЕНДИЈА АД.

ПретходноСилекс обезбеди две нови засилувања во нападот
СледноРеџа и официјално е првото засилување за Работнички