Оливер Богатинов и официјално е нов тренер на Тиквеш

166

Она што Спортспорт го најави ексклузивно, тоа ГФК Тиквеш вечерва и официјално го потврди. Оливер Богатинов е новиот шеф на стручен штаб во Кавадарци. Клубот менува стратегија и носи сериозно тренерско име од странство, иако името на Богатинов звучи и тоа како домашно.
Тоа е стратег кој што доаѓа од Словенија и секако има наше потекло. Како играч настапуваше во оваа земја, и за репрезентацијата на Словенија, а потоа имаше серија на успешни мисии како тренер.

Богатинов потпиша двегодишна соработка со Тиквеш, и ќе има план и стратегија пред себе за работа во следниот период.

ПретходноНорвешка однесе во САД 300 килограми риба, и 6000 портокали
СледноАндреа Бочели е една од звездите на отворањето на Мундијалот