Селекторот на машката репрезентација М20, Игор Илиевски го објави списокот на ракометари за претстојното европско првенство во Романија.
Предводникот на оваа генерација се одлучи за 18 имиња, а собирот е закажан за во понеделник (15.06.2026). Младите ракометари ќе одиграат пријателски натпревари против селекциите на Саудиска Арабија, Грција и Италија.
Репрезентацијата ќе отпатува за Романија на 7. јули, шампионатот ќе се одржи од 08 до 19 јули 2026 година.
Македонија ќе се натпреварува во група со репрезентациите на Данска, Хрватска и Норвешка.











