Шампионот потврди: Штип УГД ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите

33

Македонија и оваа година ќе има свој претставник во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Новиот одбојкарски шампион на Македонија во машка конкуренција, Штип УГД, денеска и официјално донесе одлука да го пријави своето учество во најсилното европско натпреварување.

Овој потег на управата на штипјани само потврдува дека градот и клупското раководство сериозно ја сфатија задачаа за продолжување на патот на овој колектив, кој по историската домашна круна, сега ќе има можност да се проба и во најсилното европско натпреварување.

Штип УГД, како и Струмица неколку години наназад, поради специфичните услови кои ЦЕВ ги пропишува за организација на мечеви од Лигата на шампионите, ќе мораат европската одисеја да ја почнат од Скопје. Останува да помине ждрепката, да го дознаеме противникот, па да се прават планови и за првите два меча од квалификацискиот дел во најсилното клупско натпреварување.

ПретходноЊукасл го купи најдобриот голман од француската Втора лига
СледноСтефан Наумчески си замина од Приштина