Македонија ги дозна ривалите, а сега и распоредот на мечевите за претстојниот ракометен Мундијал

510

Машката ракометна репрезентација на Македонија на чело со селекторот Кирил Лазаров, денеска ги дозна противниците за претстојното светско првенство кое што секако традиционално се игра во јануари.

Нашиот национален состав во „Гетек Арената“ во Магдебург, Германија, е во група заедно со Бахреин, Јапонија и Исланд, во рамките од групата Х.

Откако ги дознавме ривалите, следуваше и распоредот на мечевите за турнирот. Македонија ќе го отвори истиот на 15 јануари со дуелот против Јапонија, за да два дена подоцна се сретнеме против Бахреин.

На 19 јануари пак го играме последниот меч од групната фаза против силниот Исланд.

Првите три селекции ќе продолжат во главната рунда во Хановер, заедно со најдобрите од групата Г каде што се Данска, Словенија, САД и Ангола.

ПретходноНикола Најдовски бира помеѓу Лапи и и Мислами од Молдавија
СледноСомалискиот судија кој доби забрана за влез во САД дочекан како херој