Вимблдон го објави наградниот фонд за 2026, ќе биде рекорден!

74
ФОТО:.facebook.com/wimbledon/

На Ролан Гарос, тенисерите беа бесни поради недоволниот награден фонд, дури се спомена и бојкот, но на крајот заврши со благи мерки кои не влијаеја на ништо, како што е скратување на прес-конференциите на 15 минути. Сепак, неколку водечки играчи изјавија дека очекуваат одговор од Вимблдон, а Ол Ингланд Клубот го објави наградниот фонд за 2026 година – рекордни 64,2 милиони фунти, што е зголемување од 20 проценти во однос на минатата година.

Вкупниот фонд е поголем за 10,7 милиони фунти отколку во 2025 година, а од Ол Ингланд Клубот истакнува дека тоа е убедливо најголемото годишно зголемување во историјата на турнирот. Шампионите и второпласираните во машка и женска конкуренција ќе заработат 3,6 милиони и 1,8 милиони фунти, соодветно. Наградата за освојување на титулата е зголемена за 20 проценти, додека износот наменет за финалистите е зголемен за 18 проценти.

Особено се зголемија заработките за тенисерите кои беа елиминирани во првото коло.Тие ќе добијат по 80.000 фунти, што е зголемување од 21 процент во однос на минатата година. Значително зголемување е забележано и кај квалификациите, за кои се издвоени вкупно 6,2 милиони фунти, односно 25 проценти повеќе отколку во 2025 година.

ПретходноБран протести пред „Ацтека“ непосредно пред отворањето на Мундијалот
СледноНикој како Реал: Уште еден доказ зошто е најголем клуб во светот!