Милан се уште трага по нов тренер: Гласнер, Јајсле, Аморим…

60

Милан и натаму продолжува со потрагата по нов тренер. И покрај медиумските извештаи, сè уште не е донесена никаква одлука за назначувањето на Оливер Гласнер како наследник на Алегри на клупата на „роисонерите“, пишува инсајдерот Фабрицио Романо.

Матијас Јаjсле од Ал Ахли и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, исто така се разгледуваат како кандидати.

Според новинарот Матео Морето, Гласнер почнал да губи во трката за кормилото, но „росонерите“ го стеснуваат полето на кандидати и сакаат да го забрзаат конечниот избор. Во овој поглед, во наредните часови се планирани директни контакти со Аморим, Јаjсле и Гласнер.

ПретходноПолувреме: Мексико води со 1:0, лесно можеше да биде и поубедливо (ВИДЕО)
СледноПСЖ има пеколен план: Европскиот првак со 250 милиони евра тргнува по Олисе!