ОФИЦИЈАЛНО: Мурињо три години на клупата на Реал (М)

68
фото: Fabrizio Romano (X)

Жозе Мурињо и официјално е назначен за главен тренер на Реал Мадрид. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година, објави мадридскиот гигант.

„Управниот одбор на Реал Мадрид, кој се состана денес, четврток, 11 јуни, под претседателство на Флорентино Перез, одлучи да го назначи Жозе Мурињо за главен тренер на првиот тим за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година. Жозе Мурињо ќе му се придружи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат предсезонските подготовки“, се вели во соопштението на прес-службата на клубот.

Специјалистот претходно го водеше мадридскиот клуб од 2010 до 2013 година. Со клубот од шпанскта престолнина, Мурињо го освои шпанското првенство и шпанскиот куп.

ПретходноОфицијално: Ѓорги Ѓоргиев потпиша за Црвена Звезда
СледноФИФА воведува револуција во трансферите