Бројките, резултатот, коефициентот и секако УЕФА кажува дека не можеме да се пофалиме дека имаме екстра судии во мак – фудбалот. Исклучок е Ивана Пројковска која беше во елитната група на женски судии и таму и остана. Пројковска во последно време и тоа покажува дека има квалитет, а тоа некој надвор и тоа како знае да го цени, па затоа таа суди во ЛШ, на првенствата ширум светот.
Едноставно квалитет.
За разлика од нејзе сите наши машки судии останаа во Втората група на УЕФА. Тука мислиме на “интернационалците“, Влатко Илиоски, Игор Стојчевски и Стојанче Трпчевски кои не направиле никаков исчекор, барем според УЕФА па затоа за наредната сезона нема елитни натпревари за нив.
За наредната 2026/27 сезона тие се “пласирани“ од 117. до 119. место и тоа во Втората група на судии.
Можете и самите да се уверите…










