Ѓоргиев најдобар поентер по првиот викенд во Европската лига

33
фото: CEV.eu

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, е најдобриот поентер по првиот викенд во Европската лига 2026. Сумирајќи ги поединечните постигнувања на првите 9 турнири кои се одржаа изминатиот викенд, нашиот коректор е лидер на листата на најдобри поентери со реализирани 42 поени.

Ѓоргиев ја предводеше Македонија до победа на средбата со Луксембург, а беше и едне од најзабележителните во поразот од Холандија на стартот на турнирот во Струмица. Тој до 42 поени дојде во 7 одиграни сета и го остави зад себе на второто место на генералната листа, одбојкарот на Холандија, Сил Меијс, кој доминираше во Струмица освојувајќи 40 поени.

Од Ѓоргиев очекуваме нови блескави изданија веќе следниов викенд, бидејќи в сабота и в недела не очекуваат нови две тешки пресметки со Грција и Исланд во Глифада.

ПретходноЖРК Вардар го потврди учеството во ЕХФ Европскиот куп
СледноБран протести пред „Ацтека“ непосредно пред отворањето на Мундијалот