Вардар без репрезентативците отпатува во Италија

247
ФОТО:.facebook.com/fcvardarad/

Екипата на Вардар подготовките на новата сезона во која ќе игра квалификации во Лигата на шампиони и ќе ја брани титулата во домашниот шампионат, ги продолжува во Италија.

Базата на „црвено-црните“ ќе биде Норча. Под водство на новиот тренер Кристијан Фабијани експедицијата на Вардар се упати кон италијанскиот град, но во некомплетен состав.

Македонските репрезентативци како Николов, Талевски, Велковски, Јанкулов и Омерагиќ не отпатуваа веднаш, тие ќе се приклучат подоцна. Во Италија е предвидено тимот да остане 20 дена.

Вардар од позиција на аутсајдер го чека противникот во квалификациите за Лигата на шампионите.

ПретходноПред два дена го напушти Реал, сега е близу до клупата на тим од Премиер-лига
СледноПоранешниот вардаров голман плачеше како мало дете (ВИДЕО)