Официјално: ТФТ и следната сезона ќе игра во АБА 2 лигата!

48

ТФТ и следната сезона ќе настапува во АБА 2 лигата. Ова го соопштија од самиот клуб денеска, поточнио официјално потврдија. Да потсетиме дека ТФТ во минатата сезона имаше одличен настап во оваа лига и за малку не успеа да дојде до историски успех, до пласман во елитната АБА лига.

Сега и официјално – КК ТФТ и следната сезона ќе биде дел од регионалната АБА 2 лига!

Како минатосезонски вицешампиони на АБА 2 лигата и првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига, обезбедивме учество во АБА 2 лигата и за сезоната 2026/27.

По тој повод, сакаме да му се заблагодариме на раководството на АБА лигата за укажаната доверба и можноста повторно да бидеме дел од ова престижно регионално натпреварување.

Со голема мотивација и амбиција влегуваме во новата сезона, со желба да оствариме уште поголем успех и достојно да ја претставуваме македонската кошарка на регионалната сцена“ велат од ТФТ.

ПретходноУживање за фудбалските гурмани: Комплетниот распоред со сатници на натпреварите од групната фаза!
СледноПетар Денковски дел од годишната клиника за национални ФИБА инструктори во Самоков