Реал испрати понуда за Бернардо, ќе има ли договор?

105

Реал Мадрид испратил официјална понуда за Бернардо Силва, пишува Фабрицио Романо.

Преговорите за потпишување на 31-годишниот играч од средниот ред се во напредна фаза. Жозе Мурињо врши притисок за потенцијален договор, а Реал Мадрид е уверен во своите шанси против Барселона и Атлетико Мадрид.

Португалецот е приоритетна цел за Мурињо, кој ќе ги предводи „Лос Бланкос“ во новата сезона.

За потсетување, Бернардо стана слободен агент откако го напушти Манчестер Сити на крајот од минатата сезона.

ПретходноСТАРТНИ СОСТАВИ: Агире и Брос ги отворија картите за премиерата, Мексико – Ј. Африка
СледноОфицијално: Ѓорги Ѓоргиев потпиша за Црвена Звезда